Холивудскиот глумец Пирс Броснан (69) облече розов костум за премиерата на филмот „Црниот Адам“ во Лондон и го привлече вниманието на фановите, но и на стилистите. Модните креатори велат дека освен што диктира мода, глумецот покажал и голема самодоверба.
Розовиот костум Броснан го искомбинирал со бела кошула и кафени чевли од превртена кожа, дополнето со очила и впечатлив прстен.
Броснан во моментов е на турнеја за да го промовира филмот „Црниот Адам“, во кој главната улога ја игра Двејн Џонсон.