Актерот Лесли Џордан загина во сообраќајна несреќа на 67 години. Според „Ти-ем-зи“, на Џордан најверојатно му се слошило додека возел, па со колата удрил во ѕид од зграда.
Во својата 40-годишна кариера глумеше и во „Ноќен суд“, „Марфи Браун“, „Оженет… со деца“, „Разумен сомнеж“ и други. Последно работеше на ситкомот „Викај ме Кет“. Сепак, една од најпознатите улоги му е ликот на Беверли Лесли во хит-серијата „Вил и Грејс“, а за која доби и Еми награда во 2006 година.
Од Лесли преку социјалните мрежи се прости и актерот Шон Хејс, кој го глумеше Џек Мекфарланд во „Вил и Грејс“.
„Срцето ми е скршено. Лесли беше еден од најзабавните луѓе што некогаш сум ги запознал и со кои имав чест да работам. Сите што го знаеја го сакаа. Уникатен талент со огромно срце. Лесли ќе ни недостигаш“, напиша Хејс.