Ширакава, традиционално уредено село сместено на јапонските Алпи е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат карактеристичните куќи со наведнат покрив. Сместено помеѓу високи планини и густи шуми во централна Јапонија, освен по прекрасната природа, се карактеризира и со традиционалните куќи. Ги нарекуваат гашо-зукури, а препознатливи се по сламените покриви.
На секои дваесет години потребно е да се замени сламата на покривите, па не е невообичаено да се видат Јапонците со полни раце работа за да можат куќите да ги издржат студените зими со многу врнежи. Куќите создаваат посебна сцена во зима кога се покриени со снег, но и во пролет со цветовите на црешите.
Во раните 1990-ти, ова бајковито село во префектурата Гифу беше вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што доведе до нагло зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители годишно броела 2,15 милиони туристи од целиот свет.
Меѓутоа, во 2019 година, властите одлучиле да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога беше вклучена во холандската листа на најодржливи дестинации во светот.
Освен што живеат во хармонија со природата и избегнуваат масовен туризам, Холанѓаните ги пофалија и строгите мерки за заштита од пожари во јапонските села. Бидејќи дрвените куќички со сламени покриви се чувствителни на пожар, жителите рутински го посетуваат селото неколку пати на ден во потоплите денови за да се заштитат од пожар.
Кога во 2019 година избувна пожар во една од куќите, сите мештани притрчаа да им помогнат на пожарникарите да го заштитат селото од пожарот. Покрај тоа, во селото е забрането пушење за да се спречат несреќи.
Од почетокот на 2021 година, општинските власти, преземаат строги мерки за заштита на локалното население од пандемијата, па на туристите им се препорачува да се запознаат со забраните и правилата пред да ја посетат.