Синот на Мајкл Џексон не дозволува Хари Стајл да ја има титулата крал на попот

Синот на Мајкл Џексон не дозволува Хари Стајл да ја има титулата крал на попот

пред 2 години

Откако престижниот магазин „Ролинг Стоун“ неодамна го нарече Хари Стајлс новиот крал на попот, своето мислење за имаш и Принс Џексон, синот на Мајкл Џексон, поп иконата што ја носи оваа титула.

dobivaj vesti na viber

Имено, тој во телевизиската програма „Добро утро Британија“ изјави дека мисли дека таа титула крал на попот сепак му припаѓа на неговиот татко.

„Хари е одличен уметник и пејач. Тој има свој жанр, но Кралот на попот беше назив што татко ми навистина го заслужи во време кога пристапот до информации и пристапот до популарноста и славата не беа толку лесно достапни како што е денес“, рекол Принс.

Тој додадал дека се уште чувстува дека неговиот татко е сè уште крал на попот, и дека тој секогаш ќе биде тоа и не смее да му биде одземена таа титула.

„Како што стареам, како што дознавам повеќе за неговата историја, дури сега целосно ја сфаќам тежината на наследството на мојот татко. Неговото влијание е многу поголемо отколку што можам да сфатам“, рекол Принс.

Share
Scroll to Top