Ноќта на вештерките некогаш во Саудиска Арабија беше забранета, а денес граѓаните се маскираат и организираат журки

Ноќта на вештерките некогаш во Саудиска Арабија беше забранета, а денес граѓаните се маскираат и организираат журки

пред 2 години

Ноќта на вештерките во Саудиска Арабија е нормална работа веќе неколку години. Надлежните некогаш забрануваа одбележување на овој настан, а сега дури организираат настани и ги спонзорираат. На овој начин тие ги поттикнуваат младите и сите останати да ја прослават Ноќта на вештерките.

dobivaj vesti na viber

Жителите на главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, како и многу други граѓани ширум светот, се маскирале во крадци, вештерки и чудовишта и градот изгледал сосема необично, пишува Њујорк Тајмс.

До пред неколку години ова беше незамисливо бидејќи полицијата, ги апсеше оние кои се маскираат за Ноќта на вештерките и организираат забави. Саудијците можат да му се заблагодарат на новиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој постепено ги укинува социјалните ограничувања во последните седум години.


Share
Scroll to Top