(Галерија) Хајди Клум се надмина себеси за Ноќта на вештерките

(Галерија) Хајди Клум се надмина себеси за Ноќта на вештерките

пред 2 години

Топ-моделот Хајди Клум и оваа година имаше најоригинална маска за Ноќта на вештерките, па се маскираше во голем дождовен црв. Нејзиниот сопруг Том Каулиц беше риболовец, а таа негов црв на јадицата.

dobivaj vesti na viber

„Се обидов да размислувам надвор од кутијата и да дојдам до некои различни работи. Минатата година мислев, дрвото ќе биде навистина одлично, или растение, а потоа некако од растение се префрлив на дождовен црв. Ова е еден од моите најдобри костими, само затоа што е толку необичен, голем и чуден“, рече Хајди.

Таа откри дека биле потребни околу 10 часа за да се направи костумот, но се пожали дека бил непрактичен.

„Тешко ми е да се движам. Немам ни раце ни нозе. Кога ќе паднам, некој треба да ми помогне да станам. Малку сум заглавена, малку ми е клаустрофобично“, додаде Клум, која дел од интервјуата ги даваше легната на под.

Share
Scroll to Top