Чевлите на брегот на Дунав ја раскажуваат приказна за жртвите од Втората светска војна

Чевлите на брегот на Дунав ја раскажуваат приказна за жртвите од Втората светска војна

пред 4 години

Н1 Чевлите на брегот на Дунав раскажуваат приказна за жртвите од Втората светска војна
Н2 Чевлите на брегот на Дунав споменик за жртвите фрлени во реката во Втората светска војна

dobivaj vesti na viber

Мали и големи, машки и женски, зарѓани од водата и времето, чевлите на брегот на Дунав во близина на парламентот во Будимпешта се споменик што предизвикува тага и мака. Тие се посветени на жртвите кои беа фрлени во Дунав за време на Втората светска војна.

Ференц Саласи, чија идеологија беше слична на онаа на Хитлер, беше водач на партијата Крст со стрелки, унгарска тоталитарна националсоцијалистичка партија.

Се проценува дека тој е одговорен за смртта на околу 500.000 Унгарци со еврејско потекло, а 20.000 биле застрелани на брегот на Дунав. Тие им наредиле на жртвите да ги соблечат чевлите, а потоа безмилосно ги убиле и телата ги фрлиле во реката.

Чевлите на брегот на Дунав потсетуваат на злосторството. Споменикот од леано железо, кој се состои од 60 пара чевли од четириесеттите години на 20 век, е создаден од филмскиот режисер Кан Тогај и скулпторот и сликар Џула Пауер. Машките работни чевли, женските потпетици и чевли беа специјално избрани за да го претстават теророт што не ги поштедил ниту жените, ниту децата. Споменикот беше завршен на 16 април 2005 година.

Share
Scroll to Top