Чоколада со најлутото пиперче во светот „каролина рипер“ беше претставено на францускиот фестивал за чоколадо од производителот Дамијан Видал.
Покрај традиционалните состојки како малина, ликер и маракуја, топчестата чоколада „Bille en tete“ е зачинета и со најлутото пиперче на светот, според Гинисова книга на рекорди.
Чоколадните топчиња консументите ги опишуваат како благи и зачинети, но не премногу. А жештината од лутото пиперче се чувствува на крајот.
Наградуваниот слаткар Видал вели дека одложениот ефект е токму она што сакал да го постигне, благо и нежно во почетокот, а потоа експлозија на вкусот, што се намалува по неколку минути.