(Фото) Маж давел девојка во автобус поради големиот метеж во Србија

(Фото) Маж давел девојка во автобус поради големиот метеж во Србија

пред 2 години

Гужвите во градските автобуси станаа секојдневица за сите кои одат на работа, во школо или на факултет со јавен превоз. Шпицот стана целодневна појава во некои од балканските земји, а сè почесто се случува да мораме да пропуштиме и по неколку автобуси заради големата гужва во автобусите.

dobivaj vesti na viber

Често се случуваат инциденти и луѓето со право се загрижени и гневни. Еден таков инцидент се случил и во автобус во Белград. Девојка се вклучила и во лајв за да ги покаже црвенилата на вратот кои ѝ ги направил маж додека ја давел за вратот во преполниот автобус.

„Ова видео му е посветувам на мажот кој утрово ме фати за врат затоа што немаше место во автобусот, па се изнервира“, рече девојката, која доби поддршка од голем број луѓе.

„Се случува лудило кое сè почесто се манифестира. Народот полуде. Страшно луѓе, до кога ќе се случува ова безумие. Значи од сите приказни досега, се плашам да влезам во автобус и во секого гледам потенцијален силеџија и манијак. Дали е можно жените секогаш први да се на удар. До кога вака? Дали треба да влегуваме со калашникови? Тотален мрак“, биле само некои од коментарите.

 

Share
Scroll to Top