(Видео) Американка отишла на размена на студенти во Италија, каде била уапсена и осомничена за убиство на нејзината цимерка, иако била невина цела година минала во затвор

(Видео) Американка отишла на размена на студенти во Италија, каде била уапсена и осомничена за убиство на нејзината цимерка, иако била невина цела година минала во затвор

пред 2 години

Американката Аманда Нокс во време кога отишла на раземена на студенти во Италија, била уапсена и осомничена за убиство. Една година минала невина во затвор.

Прво била осудена на 20 години затвор за убиство на другарка ѝ, нејзината цимрека Мередит Керечер. Кога се случило убиството на полицијата им рекла дека била со нејзиното момче Рафаел Солиецит

Кога двајцата се вратиле во станот, ја нашле Мередит мртва. Во истиот момент повикале полиција. Според нив, Нокс во случајот со убиството го вмешала и нејзиниот работодавец Мумумбу. Уште на почетокот на судењето со Рафаел биле осудени, иако американските форензичари сметале дека доказите не се доволни.

Била ослободена од затвор во 2011 година, а во март 2015 година, италијанскиот Висок суд ги ослободил и двајцата од секаква вина. Нокс подоцна станува активистка и новинарка.

Рече дека сака да го истражува светот. Пораснала во Вашингтон со семејство, а љубовта кон Италија ја развила додека студирала лингвистика на Универзитетот во Вашингтон.

И покрај стравот на татко ѝ дека е премногу наивна, Нокс на 20 години почнала да работи хонорарно, за да може за време на студиите да си ја финансира програмата за размена на студенти во Италија.

На крајот се преселила во Перуџа, во центарот на Илтаија заедно со уште неколку други студенти, меѓу кои биле и Мередит Керчер. За време на престојот, почнала да излегува со Рафаел, тогаш 23 годишниот Италијанец. Работела и во бар. На 2 ноември 2007 година, нејзиниот живот засекогаш се променил.

Кога се вратила дома, приметила дека влезната врата била отворена и дека во купатилото имало исушена крв. Откако повикала полиција, го пронашле телото на Мередит заклучено во нејзината спална соба.

Нокс и Рафаел биле брзо потоа осудени. Полицијата сметала дека ја убиле 21 годишната Керчер со нож во станот во Перуџа во Италија. Две години подоцна, во 2009 година, по големиот број пуштени жалби, двајцата биле ослободени. Пресудата со која биле осудени била вратена на сила во 2014 година.

Но, ја укинал највисокиот италијански суд во март во 2015 година. По ослободувањето, Аманда рече дека луѓето се собрале да ѝ се извинат што пребрзо донеле заклучок за неа. Исто така зборувала и за тешкотиите да се отвори за нејзиниот сексуален живот и да го сподели сето тоа со светот.

Пред три години почнала да се забавува со Кристофер Робинсон, поет и романсиер од Сиетл чиј предлог на темата научна фантастика стана вирален во ноември 2018 година.

Исто така открила дека голем број затвореници во затвор станале геј за да си го олеснат престојот, но таа инсистирала и ги одбила предлозите на другите затворенички.

Нокс неодамна разговарала и со комисија составена од адвокати и разговарала за ефектите кои случајот ги имал врз неа и нејзиното семејство. Целата нејзина приказна е претставена и во документарец на „Нетфликс“. Идентитетот на убиецот на Мередит засега не е откриен. Тој допрва треба да се утврди.

Аманда Нокс и Рафаел веќе двапати се осудени за нејзиното убиство, но се и ослободени. Кога биле осудени, со нив лежел и крадецот Руди Гуеде, кој исто така подоцна бил ослободен. Тој претходно бил осудени затоа што кај него била најдена крвта на жртвата.

Таткото на Мередит, Џон Керчер, на почетокот на 2020 година исто така бил најден мртов под мистериозни околности. Тој бил новинар преку 40 години и автор е на повеќе од 24 книги за деца. Напишал и книга за ќерка му „Мередит“, во 2013 година.

Доживеал мозочен удар во 2009 година, кој го спречил да присуствува на судеењто за убиство на ќерка му. Неговото семејство рече дека бил добар човек, сакан од семејството и дека ќе им недостасува.

 

Share
Scroll to Top