Бранка Веселиновиќ наполни 104 години и стана најстарата актерка во светот

Бранка Веселиновиќ наполни 104 години и стана најстарата актерка во светот

пред 2 години

Српската театарска, филмска и телевизиска глумица Бранка Веселиновиќ наполни 104 години и стана најстара актерка во светот. Таа е и најстарата белграѓанка, пренесе РТС.

dobivaj vesti na viber

На нејзиниот роденден, на гости ѝ дојде заменик-градоначалничката на Белград, Весна Видовиќ, која ѝ подари роденденска торта и цвеќе, а Веселиновиќ не криеше дека е возбудена и благодарна за овој гест.

„Добро е да се покажуваат емоции. Ова се тие изненадувања кога човек реагира од срце. Човекот не треба да се сака себеси заради себе, туку заради другите луѓе, заради сите оние што ги сака, со кои се дружи, кои го посетуваат, заради болните, заради децата на кои им се посветил. Затоа секој ваков гест ми е голема чест“, рече актерката за српските медиуми.

Во теркот на својата долга кариера, Бранка Веселиновиќ играше во повеќе од 100 театарски претстави и во повеќе од 50 телевизиски серии и филмови. Исто така, таа е добитничка на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа како амбасадор на УНИЦЕФ.

Share
Scroll to Top