Играч на Ливерпул преку СМС порака се откажал од Португалија

Играч на Ливерпул преку СМС порака се откажал од Португалија

пред 2 години

Фабио Карваљо (21), летово од Фулам се пресели во Ливерпул за 5,9 милиони евра. Младиот офанзивен играч за врска е еден од најголемите таленти во Премиер лигата, сезонава во досегашните 11 настапи постигна два гола.

Португалецот се најде на поширокиот список на Фернандо Сантош, но на крајот не отпатува на Мундијалот.

Наместо тоа, добил покана за У-21 репрезентацијата на Португалија, но одбил да игра против Чешка и Јапонија.

Португалскиот фудбалски сојуз соопшти дека Карваљо, преку СМС, го известил Сојузот дека повеќе не сака да игра за младата португалска репрезентација.

Англичаните тврдат дека на овој начин Карваљо покажал дека по втор пат сака да го смени спортското државјанство. Имено, Карваљо во Англија пристигна на 11 години и таму ги помина сите младински селекции, од У-15 до У-18, а беше капитен на англиската У-17 репрезентација. Тој е разочаран што оди на Светското првенство и затоа ќе размисли дали во иднина ќе ја претставува Англија или Португалија.

Share
Scroll to Top