Српската пејачка Јелена Карлеуша има нов дечко со кого се појави во јавност. Станува збор за познатиот белградски бизнисмен Владан Мариќ.
“Не запозна Дарко Костиќ во Будва. Освен што е згоден и убав, Владо ме освои со сензибилноста, префинетите манири и заштитничкиот став. Но, да не се лажеме, не му беше лесно да ме добие. Се бореше за да го привлече моето внимание“, вели Карлеуша.
Таа вели дека и со хороскопските знацим си одговарале, оти и двајцата се лавови во хороскоп, па смета дека поради ова одлично се сложуваат.
“Ние се разбираме со телепатија, па кога сме заедно уживаме во секоја ситница. Сакаме исти работи, а и светот го доживуваме на идентичен начин. Не се криеме од јавноста, бидејќи нема зошто. Излегуваме баш често“, вели Карлеуша за српските медиуми.