Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра само четири гема во Хераклеон против Деа Херџелаш, која се повлече од мечот поради повреда.
Ѓорческа направи два брејка, а потоа Херџелаш објави дека поради повреда мора да отстапи. Така, македонската тенисерка лесно се пласира во четврт-финалето.
Во следната рунда Ѓорческа ќе ја очекува подобрата од мечот меѓу Херман од Германија и Рочети од Италија.