Милијардер награди 10.000 вработени и нивните семејства со патување во „Дизни Ворлд“

Милијардер награди 10.000 вработени и нивните семејства со патување во „Дизни Ворлд“

пред 2 години

Милијардерот Кен Грифин и сопственик на мултинационалниот фонд „Цитадел ДОО“ одлучил да ги награди своите вработени и нивните семејства со патување во „Дизни Ворлд“ во Флорида, по успешната деловна година.

dobivaj vesti na viber

Според Форбс, неговиот хеџ фонд е вреден приближно 31,7 милијарди долари, што го прави 40-ти најбогат човек во светот. Милијардерот  платил патување во Дизни Ворлд на дури 10.000 вработени со нивните семејства, што му ја донесе титулата „најдобар шеф досега“.

Портпаролот на Цитаделот Зија Ахмед откри дека милијардерот платил за авионски билети од Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други градови, но платил и за хотелско сместување, билети за Дизни Ворлд и храна, која вклучувала сè.

Грифин изнајмил простор на Дизни Ворлд исклучиво за вработените во Цитадел и им платил на Колдплеј, Карли Реј Џепсен и диџеј Дипло за да ги забавуваат вработените и нивните семејства.

Милијардерот им се заблагодарил на вработените за одличниот бизнис и рекол дека им претстои неверојатна иднина.

Share
Scroll to Top