И покрај шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе го замени Фернандо Сантош на позицијата португалски селектор, сега повеќе извори тврдат дека изборот паднал на Пауло Фонсека, поранешниот тренер на Рома и Шахтјор Доњецк, а сега прв човек на францускиот Лил.
Сантош е под голем притисок на португалската јавност по шокантниот пораз од Мароко во четврт-финалето на Светското првенство и се очекува наскоро да се стави крај на неговиот осумгодишен престој на селекторското место. Сантош контроверзно го остави Кристијано Роналдо на клупата во осминафиналето против Швајцарија, но Португалија победи со 6:1, пред против Мароко повторно да го изостави CR7 од стартиот состав.
Португалските медиуми исто така шпекулираа дека Роналдо сака да продолжи со репрезентацијата барем до ЕП во 2024 година, но дека прв предуслов за тоа е Сантош да доби отказ.