Аријана Михајловиќ: Кога веќе нема да си дел од мене, ќе симнам многу ѕвезди од сеќавањето, па цел свет ќе се заљуби во ноќта

Аријана Михајловиќ: Кога веќе нема да си дел од мене, ќе симнам многу ѕвезди од сеќавањето, па цел свет ќе се заљуби во ноќта

пред 2 години

Заминувањето на Синиша Михајловиќ е трагедија за фудбалскиот свет, но најголема за неговата сопруга и семејството.
Тие беа најсилната потпора еден на друг во животот, а многупати и Синиша и  Аријана зборуваа за  нивната љубов.

“Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе симнам многу ѕвезди од сеќавањето, па тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“, е пораката на Аријана Михајловиќ која ја објави утрово во 6:30 часот  по најтешката ноќ во животот.

Синиша  зборуваше за Аријана многу пати дури и на последните фудбалски конференции, а некогаш тоа беше особено трогателно.

„Благодарност до моите најблиски пријатели, особено на мојата сопруга и децата. Жена ми е секој ден со мене, таа уште еднаш ми покажа дека сум најсреќниот маж на светот бидејќи имам таква жена покрај себе. Таа е единствената личност што ја познавам која има поголема „ муда“  од мене. Те сакам“ – рече Миха со солзи во очите и веднаш продолжи:

Потоа моите деца. Веднаш побараа да бидат донатори на коскена срцевина, доколку тоа е можно и има компатибилност.  Благодарам на брат ми и мајка ми. Сега сакам да дишам свеж воздух, но немам време за тоа. Никогаш не се чувствував како херој за тоа што го правев. Јас сум човек, со силен карактер, но човек, со сета моја кршливост. И мене ми треба нега, на сите тешко болни сакам да им порачам дека не треба да се плашат, да плачат и да страдаат. Никогаш не смеете да ја изгубите волјата за живот“, рече тогаш Михајловиќ. 

Вчера откако објвија дека починал славнио фудбалер, неговата сопруга Аријана и децата Виктор, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас во соопштението до јавност им се заблагодарија на докторите и сестрите кои беа со него низ годините и му ги даваа потребните љубов нега и почит.

Синиша Михајловиќ ќе бида погребан во Рим.

Share
Scroll to Top