Јелена Розга, Зера,Теодора, Воајаж, Црни Церак на сцената на MAC

Јелена Розга, Зера,Теодора, Воајаж, Црни Церак на сцената на MAC

пред 4 години

Најголемото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC), за чија организација е задолжен Скајмјузик, ќе се одржи на 25-ти и 26-ти јануари.  MAC се враќа на голема врата со дводневна церемонија, а познати се и првите настапи –  Јелена Розга настапува во првиот ден, додека на вториот ден од церемонијата, 26-ти јануари, MAC сцената им припаѓа на Воајаж, Зера, Теодора и Црни Церак.

Организаторите најавија дека имињата на изведувачите кои ќе настапат на MAC ќе се објавуваат на Инстаграм-профилот на манифестацијата секоја вечер точно во 21 часот, и најавија бројни изненадувања за фановите.

Share
Scroll to Top