Третпат ми се врати ракот на дојката, но не се предавам и не се откажувам од музиката: победничката во „Никогаш не е доцна“ Бојана Барјактаревиќ за животната борба со болеста

Третпат ми се врати ракот на дојката, но не се предавам и не се откажувам од музиката: победничката во „Никогаш не е доцна“ Бојана Барјактаревиќ за животната борба со болеста

пред 2 години

Поранешната победничка во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Бојана Барјактаревиќ, откри дека по третпат се бори со рак на дојка. Пејачката раскажа за животната борба со болеста за која ѝ била тешка и исцрпувачка, но и покрај тоа никогаш не се откажала од музиката.

Неодамна го заврши процесот на хемотерапија и откри дека како и претходниот пат и сега ѝ претстојат тешки денови.

„По третпат имам рак на дојката. Направив мастектомија и завршив со примањето хемотерапија. Сега пијам лекови. Како и минатиот пат ме очекуваат циклуси со зрачење. Но не се предавам. Ќе се борам и ќе продолжам понатака. Се надевам дека овојпат трајно ќе ја победам болеста и дека мастектомијата ќе даде резултати“, рече Бојана и додаде дека досега ѝ извадиле 24 жлезди и дека направила 16 хемотерапии.

„Она што е добро е што сега имам нова коса и тоа 40% повеќе од претходно. Она што е најважно во оваа битка е да се биде упорен, позитивен и психички да не се предадете. Тоа ви е најголемиот непријател“, рече Бојана.

Низ целиот овој период додека се борела со ракот, Бојана рече дека паралелно работела, пеела и настапувала.

„Со музика се занимавам 29 години и никогаш не ја оставив. Се повлеков за да се рехабилитирам и затоа останав надвор од естрадата 17 години. Но, работам исто како да сум здрава. Имам храбар и ведар дух и секогаш се обидувам да сум насмеана и позитивна. Така и живеам. Ќе примам терапија па продолжувам со пеење. Така беше и минатиот пат. Само откако ќе останев без коса избегнував да се појавувам во јавност“, рече Бојана и додаде дека во моментов работи на нови песни и дека во иднина ќе може да зборува на убави теми.

За потсетување, пејачката во „Никогаш не е доцна“, брзо ја освои публиката и жирито. Беше прва која стана трикратен победник. Некогашната пејачка на групата „Бон“, освои најголем број гласови од публиката, од „Фејсбук“, а ја доби и наградата од жирито.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top