Поранешниот бразилски фудбалер на Интер, Адријано ќе посакува големото финале на СП помеѓу Аргентина и Франција да отиде во продолженија, откако се обложи на 1.600 евра на исходот на големото финале.
40-годишниот Адријано, кој секогаш бил интересен лик, преу Инстаграм потврди дека ставил околу 1.600 евра на реми кое ќе заврши со пенал-серија, и ако му се оствари ова, ќе заработи околу 5.000 евра.
„Мислам дека ќе биде реми и ќе гледаме пенали. Ниту коњ не може да го издржи тоа“, напиша Адријано.