„Во последните неколку години допрев некои од најниските точки во приватниот живот, а тоа се смртта на татко ми и разводот од мојата сопруга. Мелинда и јас ќе продолжиме да ја водиме заедно нашата фондација и најдовме нов работен ритам од кој сме задоволни и двајцата. Но, не можам да речам дека ова беше година со голема тага за мене“, напиша Гејтс на својот блог.
Татко му почина во септември 2020 година, а веќе следната година се разведе од Мелинда. Таа и Бил го финализираа разводот во август 2021 година, по 27 години брак. Веста за разводот ја објавија три месеци претходно.
„По долго размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме бракот“, рекоа тогаш во заедничка изјава. Минатиот месец Мелинда повторно се заљуби и веќе неколку недели е во врска со Џон Ду Пре, поранешен новинар, кој сега работи како експерт за комуникации.