По 25 години „Чиста околина“ снимаат три нови албуми

По 25 години „Чиста околина“ снимаат три нови албуми

пред 3 години

Македонските хип-хоп пионери „Чиста околина“ по долго време се враќаат на музичката сцена. Тие 25 години откако го објавија култниот деби албум „Новиот аспект на старата школа“, снимаат три нови албуми кои ќе ги издаде „Филтер лејбел“.

Првиот, Avantgarde Fatiguée, ќе излезе во мај и ќе биде промовиран со две песни. Новиот албум на „Чиста околина“ ќе го продуцира Оливер Димитров. Првата песна „Си играме со рапот“ сега е проимовирана и официјално, иако е снимена пред пет години за да ја одбележи 20-годишнината од постоењето на бендот.

Следната песна ќе излезе во март.

Share
Scroll to Top