Овен
Убаво изгледате, а уште поубаво се чувствувате. Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не потпирајте се на партнерот, тој нема многу да ви помогне.
Бик
Се наоѓате во состојба на блага емотивна напнатост. Причината за таквото расположение е индивидуална. Многумина од вас претрпеа голем шок, затоа размислувајте за промена на средината. Потрудете се да бидете повеќе толерантни.
Близнаци
Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо.
Рак
Имагинативната моќ е нагласена, смислата за уметност е зголемена. Бидејќи почнавте да ја заобиколувате вистината, немојте да се препуштите во светот на фантазиите. Пријателите и партнерот ги сфатија вашите слаби страни.
Лав
Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност.
Девица
Интуицијата ви говори како треба да се однесувате. Доколку го слушате нејзиниот глас, имате шанса да избегнете проблеми. Денот е добар и за обврски кои вклучуваат имагинација. Потрудете се да ги средите несогласувањата со партнерот.
Вага
Сакате партнерот да го држите под контрола, но секогаш не ви успева тоа. Треба да бидете оптимисти и да се надевате само на најдоброто затоа подгответе се за луда забава и многу љубов. Здравствената состојба не се менува, внимавајте.
Скорпија
Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволството комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. На сцена настапува напнатост кога е во прашање љубовта.
Стрелец
Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции, но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се.
Јарец
И понатаму постои опасност од повреди и операции. Бидете внимателни уште неколку дена и ќе избегнете незгодни ситуации. Во спротивно последиците можат да бидат непријатни. Потрудете се да избегате од проблемите.
Водолија
За успешната соработка заблагодарете се на енормната количина шарм која ви помага да ги совладате сите препреки. Колегите немаат срце да ве одбијат, а партнерот прави се’ за да ве придобие за себе. Денот е во знакот на пријатни возбудувања кои се однесуваат на љубовта.
Риби
Љубопитни сте и добро известени, затоа и пријателите ви се обраќаат за совет. Добро знаете како на најевтин начин можете да дојдете до она што го сакате. Бидејќи околината ве заморува, исклучете го телефонот и потрудете се да се регенерирате.