Почина пејачот Џозеф Мерса Марли, внукот на Боб Марли

Почина пејачот Џозеф Мерса Марли, внукот на Боб Марли

пред 2 години





Јамајканско американскиот уметник Џозеф Мерса Марли, познат и како Џо Мерси почина на 31 година. Музичарот бил пронајден во автомобил во САД во вторникот, а како што пренесоа некои од медиумите, најверојатно починал од напад на астма од која пател целиот живот.

Џозеф е роден во Кингстон, Јамајка во 1991 година и уште од мали нозе имал можност да порасне со најдобрата реге музика. На сцената првпат се појави на петгодишна возраст како дел од семејните концерти на семејството Марли.

Беше внук на легендарниот музичар Боб Марли и син на Стивен Марли. За потсетување, Боб почина од карцином во 1081 година на 36 години. Имаше 11 деца со седум различни жени.

 





Share
Scroll to Top