Претседателот на ФИФА направи селфи покрај отворениот ковчег на Пеле

Претседателот на ФИФА направи селфи покрај отворениот ковчег на Пеле

пред 2 години

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино позираше за селфи со пријателите и семејството на Пеле покрај отворениот ковчег на починатиот фудбалер за време на 24-часовното бдеење за бразилската легенда.

Меѓу насобраните беше и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, многумина го искористија доаѓањето на Италијанецот за да се фотографираат и да направат селфи со него, па предводникот на светската фудбалска куќа не ги одби.

За потсетување, бразилската фудбалска икона Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, почина на 29 декември 2022 година на 82-годишна возраст, по битка со ракот во Сао Паоло, Бразил.

Трикратниот светски шампион со Бразил важи за една од најголемите фудбалски легенди на сите времиња.

Голема поворка негови навивачи дојде на стадионот на Сантос за да му оддадат последна почит на кралот на фудбалот, кого го сметаат за најдобар во историјата на оваа игра.

Фото: АП

Share
Scroll to Top