Нов полнач што може да ја наполни батеријата на телефонот за девет минути

Нов полнач што може да ја наполни батеријата на телефонот за девет минути

пред 2 години

Полначот за телефони кој го привлече вниманието наменет за спецификациите на телефонот „Риалми“, e со супербрза технологија за полнење од 240 W.

Новиот адаптер ја има ознаката „Супер воок“, која обично е резервирана за полначи од Оппо. „Риалми“ и неговата матична компанија Оппо го делат истиот тим за развој, па останува да се види дали „Риалми“ ќе го смени името на полначот и кое име би го користел.

Покрај новиот телефон, најавено е дека ќе биде прикажан и послаб модел со побавно, но екстремно брзо полнење од 150W. Послабиот модел ќе има и батерија со капацитет од 5000mAh, што е повисоко од онаа на помоќниот модел.

Споменатата технологија за полнење е веќе прикажана на саемот MWC во Барселона во 2022 година. Иако само како демо верзија, а не беше најавен уред со можност за користење на споменатата технологија, публиката можеше да се увери дека се потребни само девет минути за целосно полнење на батеријата.

Сега кога имаме слика со спецификациите на самиот полнач, како и на телефонот, знаеме како тоа го постигнува – двете ќелии на батеријата заедно ќе имаат капацитет од 4600 mAh, додека моќноста на полначот 20 A/12 V во самиот телефон ќе биде прераспределен на два дела, така што вредност од 10 V/24 A ќе стигне до секоја ќелија.

Актуелен рекордер, кога станува збор за технологијата за брзо полнење, е моделот „Шаоми“ поточно телефонот „Редми ноут 12 дискавери“, со полнач од 210W. Сепак, индустријата за паметни телефони забрзано напредува, па овој рекорд ќе биде соборен само два месеци по излегувањето на споменатиот модел.

Share
Scroll to Top