Луксузната јахта на Роман Абрамовиќ закотвена во турското пристаниште Мармарис

Луксузната јахта на Роман Абрамовиќ закотвена во турското пристаниште Мармарис

пред 2 години

Луксузната јахта на рускиот милијардер Роман Абрамович, „Мојот Соларис“, забележана е во пристаништето Мармарис во турската провинција Мугла.

Суперјахтата долга 140 метри, вредна околу половина милијарда евра, го привлекувала вниманието на локалното население каде и да се закотви.

Јахтата се градела шест години со цел, како што пишуваат медиумите, да ги исполни сите барања на Абрамовиќ, а има дури 48 кабини, хелиодром, базен, теретана и ресторани.

Share
Scroll to Top