Планинари по четврти пат во чест на Калина и Александар ќе го искачуваат врвот Клепа

Планинари по четврти пат во чест на Калина и Александар ќе го искачуваат врвот Клепа

пред 2 години





Во февруари ќе се одржи 6-то традиционално искачување на врвот Клепа (1150 метри) кое последните четири години се организира во знак на почит на трагично загинатите планинари Калина и Александар.

„Во нивна чест на посебна парцела на делот од патеката е формирана „Шумата на Калина и Александар” на која и оваа година повторно ќе се насадат неколку стотици садници“, информираат организаторите.

С.П.Е.Д. ” Клепа” од Росоман заедно со ЕГ Грин Пауер и пријателите од ПСК „Азот„ ја продолжуваат традицијата на организирање на овој настан кој стана препознатлив и по вклученоста на дел од локалното население од околните села, и манастирот Св. Архангел Михаил во село Чичево, а поддржан и од планинарски клубови од Србија и Бугарија. Оваа година, акцијата дополнително ќе има и хуманитарен карактер, најавија организаторите.





Share
Scroll to Top