Барди набргу ќе се врати во репрезентацијата на Македонија

Барди набргу ќе се врати во репрезентацијата на Македонија

пред 3 години

Енис Барди, единствениот од 26-те повикани македонски фудбалери за настап на Европското првенство, кој имаше позитивен корона-тест, набргу ќе им се приклучи на играчите во репрезентацијата, соопшти селекторот Игор Ангеловски.

„Барди е добро. Со нетрпение го очекуваме неговиот негативен тест по што ќе им се приклучи на преостанатите фудбалери. Се надевам дека тоа ќе биде бргу, веќе во следните денови, рече Ангеловски.

Македонската репрезентација првпат ќе настапи на едно европско првенство, но пред да заминат во Романија, тие ќе одиграат два контролни натпревара. Првиот од ние е утре од 18 часот против репрезентацијата на Словенија, а вториот е три дена подоцна, на 4 јуни, со Казахстан.

Натпреварот со Словенија ќе се игра на арената „Тодор Проески“, првпат со публика по повеќе од една година, но само со 30 % од капацитетот на стадионот.

Share
Scroll to Top