Даниел Кајмакоски се ожени по вторпат: Tи си сè што сум посакувал

Даниел Кајмакоски се ожени по вторпат: Tи си сè што сум посакувал

пред 2 години

Пејачот Даниел Кајмакоски се ожени со својата девојка и објави слики на Инстаграм дека направиле свадба. „Штотуку венчани” напиша тој.

Ова е втор брак на Кајмакоски, кој беше оженет со манекенката Кристина Димитри, со која го има синот Давид. Поранешниот евровизиски претставник првпат откри дека има девојка на лето, а сега објави и фотографии од венчавката.

„Се чувствувам благославен. Ти си сè што некогаш сум посакувал“, рече Кајмакоски тогаш за својата девојка, на која не и го открива името.

Даниел последниве години живее во Белград, каде има настапи со својот бенд, а пее и во кабаре во познат ноќен клуб.

 

Share
Scroll to Top