Српската старлета Сораја бремена во деветтиот месец

Српската старлета Сораја бремена во деветтиот месец

пред 2 години

Српската старлета Сораја Вучелиќ (36) е бремена и чека син, пишува српски Курир. Како што пренесуваат српските медиуми, Сораја наводно е во деветтиот месец од бременоста, а веста ја потврдил извор близок до Сораја.

„Сораја одамна се повлече од јавноста и живее поинаков начин на живот. Таа чека бебе и е целосно посветена на бременоста и раѓањето на нејзиниот син. Верувајте, таа ужива и не ја интересира ништо друго освен родителството. Штом дознала дека ќе стане мајка, ги исклучила социјалните мрежи и се посветила на семејството“, изјавил извор за Курир.

Српските медиуми пишуваат и дека Сораја со години е во стабилна врска, па таа и нејзиниот партнер решиле да го зголемат семејството.

Во август Сораја доживеа тешка сообраќајна несреќа во Албанија од која како што пишуваа медиумите едвај преживеа. Таа имала тешки повреди, скршеници на ребрата и внатрешно крварење по што беше префрлена во Хрватска на итна операција.

Share
Scroll to Top