Битолска група „Милениум“ сними нова серенада „Ќе те шетам по Широк сокак“ со која одбележува 20 години јубилеј на сцената. Песната е автентична за битолскиот крај и посветена на градот од кој потекнуваат.
„Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата.
Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а спотот го режираше Даниел Јовески. Видеото е снимено на неколку најпознати градски локации како Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни.