(Видео) Мара и Милун од Црна Гора градот го заменија со село: молзат крави, чуваат овци и сакаат планина повеќе од море

(Видео) Мара и Милун од Црна Гора градот го заменија со село: молзат крави, чуваат овци и сакаат планина повеќе од море

пред 2 години

Мара и Милун Апрчовиќ од Црна Гора животот во град го замениле со живот на село. Таа и нејзиниот сопруг имаат куќа во близина на Плужине во Црна Гора, во селото Равно кое се наоѓа на надморска виочина од околу 1500 метри.

dobivaj vesti na viber

Освен со земјоделство тие имаат и сточарска фарма. Во најтешкиот период од зимата од планината се спуштаат до селото, а тоа е кога овците се јагнат, бидејќи на пониско е потопло.

Инаку, најмногу им се допаѓа кога се во штала каде што чуваат околу 150 овци, 8 кози, 10 крави и неколку телиња.

Мара се омажила многу млада. Кај родителите никогаш не работела тоа што сега го прави во штала со Милун, но вели дека ништо не и е тешко и дека го сака селото. Во меѓувреме ги совладала речиси сите работи, а се што знае тоа го научила од свекрвата. Мара е од едно од соседните села, но кај нејзините родители чувале само овци.

Таа во интервју раскажува дека сака музика и ја слуша на мобилен телефон, а навечер слуша радио заедно со сопругот. Немаат во што да го приклучат телевизорот и не им треба затоа што немаат време ни да го гледаат. Мара вели дека повеќе ги молзи кравите и има други задолженија.

Мара е една од ретките девојки во денешно време кои решиле да живеат напорно и да работат на село, но вели дека таму и се допаѓа. Тие двајца се редок млад брачен пар кој живее на село.

Милун и Мара велат дека понекогаш одат во град, кога имаат помалку работа, да се прошетаат, но сепак најмногу го сакаат своето село бидејќи се навикнале и таму им се допаѓа.

 

Share
Scroll to Top