Познатиот јутјубер Џими Доналдсон, познат и како Mr Beast им помогнал на 1000 слепи лица да прогледаат. Контактирал со доктор од Флорида кој работел бесплатни операции за лица без здравствено осигурување. По операцијата на катарката Џими ги снимил пациентите и нивната прва реакција.
Видеото за само 24 часа собрало повеќе од 23 милиони прегледи, а денес има повеќе од 40 милиони. Доналдсон бил иницијатор на идејата. Го контактирал докторот и му предложил да ги направи операциите. Имал и по 40 операции во денот.
„На многу луѓе им е потребна само 10 минутна операција за повторно прогледаат“, објасни докторот дополнувајќи дека катарактата е честа појава за слепилото кај луѓето.
„Не е комплицирана операција, но за жал луѓето можат да си ја дозволат“, дополни тој.
Половина од луѓето на кои им ја направил операцијата биле бездомници. Имало и луѓе кои дошле од различни клиники. Џими и докторот рекоа дека на пациентите не им се верувало кога им се јавиле да ги известат дека можат да ги спасат од слепило.