Од рак почина гитаристот Кит Левен, основачот на легендарниот рок бенд „Клеш“

Од рак почина гитаристот Кит Левен, основачот на легендарниот рок бенд „Клеш“

пред 1 година

Почина Кит Левен, еден од основачите на култните британски рок групи „Клеш“ и „Паблик Имиџ“, пренесе „Гардијан“. Кит почина на 65 години рак на црниот дроб, во својот дом во англиската грофовија Норфлок.

dobivaj vesti na viber

Левен остави трајно влијание врз британската рок-музика. Гитаристот, заедно со Мик Џонсон, ги основаа „Клеш“ на 18-годишна возраст, но постигна голем успех со „Паблик имиџ“, кои беа формирани по распадот на панк-рок бендот „Секс пистолс“.

Нивниот прв албум Public Image: First Issue се искачи до 22. место на топ-листите во 1978 година. Му претходеше класичниот сингл Public Image кој се проби меѓу Топ 10. Нивниот втор албум Metal Box од 1979 година се смета за пост-панк класика.

Share
Scroll to Top