Семејството на Вардар е големо и се поддржува меѓусебно. Во моментот најтешко им е на фудбалерите, со оглед дека клубот има финансиски проблеми, а од друга страна голема е желбата за враќање во елитата, местото кое што му припаѓа на најтрофејниот македонски колектив.
Комитите и ракометарите им дадоа поддршка на фудбалерите на вечерашниот меч од СЕХА лигата меѓу РК Вардар и Партизан и побараа решение за ФК Вардар да се изнајде – веднаш!
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк