Сани Гродзановска се омажи третпат: романтична свадба на Алпите за пејачката и менаџерот на хотели

Сани Гродзановска се омажи третпат: романтична свадба на Алпите за пејачката и менаџерот на хотели

пред 2 години

Фолк-пејачката Сани Гроздановска се омажи третпат. Таа се венчаше со Никола Урдаревиќ, менаџер на хотели од Македонија кој живее во Швајцарија. За свадбата таа избра краток фустан-палто со пердуви, а Никола носеше сив костум.

Романтичната свадба ја направија во хотел на Алпите, каде што работи Никола. Освен гости од Швајцарија, им дојдоа и блиски пријатели и роднини од Македонија. Сани и овој пат пееше за мерак на гостите, а со Никола имаа дует и ја испеаја „Принцеза“ од Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ.

Претходно, тие склучија граѓански брак. Сани објави неколку слики и напиша дека Никола сам си ја потпишал судбината.

Ова е прв брак на Никола, додека на Сани ѝ е трет. Пејачката има две ќерки, Викторија од првиот и Ева од вториот брак. Откако се разведе од вториот маж, Сани кажа дека нема да престане да верува во љубов, па ќе оди и до пет брака ако треба. Со Никола се сврши по еден месец врска.

Share
Scroll to Top