Многу деца сонуваат еден ден да станат астронаути и да заминат на патување на Месечината, па и подалеку во вселената. Но, за да им се оствари сонот, потребно е да минат низ ригорозен процес на селекција, а потоа и обука. Од Американската вселенска агенција (НАСА) појаснија дека во класот астронаути во 2021 година, избрани се само десет кандидати од повеќе од 12.000 пријавени.
Основните два услови кои ги има поставено НАСА, за да може да се пријавите за работа како астронаути, е да сте американски државјанин и да имате мастер диплома во областа на природни науки, инженер, биолог, информатичар и слично. Освен тоа кандидатите мора да бидат постојано во добра форма и да се способни да ги положат сите тестови на НАСА, меѓу кои и тестовите за физичка способност.
Од кога НАСА ја собра својата прва класа астронаути во 1959 година, повеќе од 350 луѓе успеале да го остварат својот сон и да заминат во вселената. Во објавата на блогот за 2020 година, Ени Меклијан, астронаутка на НАСА, ги собрала критериумите кои агенцијата ги очекува од идните вселенски патници.
„Бидете прилагодливи, горди, упорни и сконцентирајте се на деталите“, рече Меклијан.
Десет астронаути од класата 2021 се избрани од 12.000 кандидати
Во текот на светската трка од периодот на Студената војна, меѓу САД и Советскиот Сојуз, кој прв ќе ја освои и истражи вселената, војниците биле први кандидати за да станат астронаути. До денес, сите 12 астронаути, кои чекореле по Месечината, биле белци.
Сепак, со време, корпусот на НАСА, станар разноврсен, а за долго очекуваната мисија „Артемис“, планирана за 2024 година, вселенската агенција има намера да ја испрати на Месечината првата жена и астронаут со црна боја на кожата.
По процесот на селекција, кандидатите на НАСА за астронаути, познати како ASCAN, минуваат долгогодишен курс на обука за да станат целосно квалификувани. Вселенската агенција ги обучува во различни опкружувања, вклучувајќи огромни базени и жешки пустини и ја тестира нивната одржливост и способност.
Астронаутите вежбаат вселенски чекорења во огромен затворен базен со потопен вселенски брод. За да се подготват за излегување во отворената вселена, надвор од вселенскиот брод, астронаутите тренираат под вода во големи затворени базени. Нуркањето во базен симулира микрогравитација или бестежинско опкружување, кое се искусува за време на престојот во вселената.
НАСА спроведува најсовремена обука за прошетка во вселената во Лабораторија за неутрална пловност во вселенскиот центар „Џонсон“, во Хјустон. Во огромен базен, кој содржи 6,2 милиони галони вода, потопен е делумен модел на Меѓународната вселенска станица, за да астронаутите вежбаат користење на инструменти во опкружување слично на бестежинска состојба.
Бестежинската состојба се симулира во авион наречен „комета за повраќање“. Програмата на НАСА за истражување на намалување на гравитацијата започнала во 1959 година, велат од вселенската агенција. Во рамки на тоа, астронаутите тренираат летање во авион, кој маневрира и постигнува нулта гравитација, позната како „комета за повраќање“.
Кога авионот изведува серија на ненадејни стрмни искачувања и остри нуркања, патниците во авионот доживуваат 25 секунди нулта гравитација додека авионот се приближува до врвот на тој бран, објаснуваат инструкторите на НАСА.
Програмата низ годините вклучува неколку типови на авиони, вклучувајќи и KC-135A, кој се пензионирал уште во 2004 година. Во 2008 година, приватната компанија Zero Gravity Corporation, почнала да ги објавува операциите нулта гравитација за вселенската агенција.
Авионот исто така служи како пловечка лабораторија. Истражувачите на овие летови спроведуваат медицински истражувања и експерименти поврзани со болести при движења, затоа што маневрите на авионот наликуваат на возење на ролекостер и често предизвикуваат гадење.
Повремено овој авион е претворен во голем холивудски сет. Глумците Том Хенкс, Кевин Бејкон и Бил Пакстон во него ги снимаа сцените од филмот „Аполо 13“ во 1995 година. Астронаутите минуваат исцрпувачки обуки на преживувања во пустини во случај на итно слетување.
Од првиот екипаж „Меркур 7“ во 1959 година, астронаутите на НАСА научија техники на преживување, во случај да мораат да извршат итно слетување во некоја далечна област.
Во 1964 година, астронаутите на „Аполо 11“ патуваа во Невада и минаа три дена во жешката пустина за да вежбаат преживување. Носеа облека направена од падобрани кои ги разладувала на пустинската жешко време.
Како дел од обуката за мисијата „Артемис“ на Месечината, вселенската агенција соопшти дека ќе спроведе две теренски обуки во пустината Аризона, која е многу слична со Месечината.
Вежба во случај вселенскиот брод изгуби контрола
За време на вселенската трка, астронаутите тренираат на справа со повеќе оски, која прави 30 вртежи во минута. Уредот наречен gimbal rig е дизајниран да ги обучува астронаутите за дезориентирачкото возење што би го доживеале во вселенското летало кое се врти надвор од контрола низ вселената.
„Тоа беше еден од најважните тестови или вежби во обуката низ кои минавме во целиот тренинг процес за подготовка на летовите во вселената“, рече Џон Глен, астронаут од проектот „Меркур“ во видеото кое НАСА го објави на „Јутјуб“ во 2016 година. „Навистина ја мразев оваа направа“, додаде тој.
Вежба за случај леталото да почне неконтролирано да се движи
Седум астронаути од проектот „Меркур“ и 13 жени од „Меркур 13“ тренираа на оваа платформа во 1960-тите, но НАСА повеќе не ја користи, бидејќи модерните вселенски летала не бараат астронаутите да го контролираат нивното вртење.
Тестирање на толеранција на интензивна гравитациона сила На почетокот, НАСА користеше голема машина наречена „човечка центрифуга“ за да го тестира гравитациониот стрес врз астронаутите кои требаше да одат на Месечината.
Тестирање на толеранција на интензивна гравитациона сила. На почетокот, НАСА користела голема машина наречена „Човечка центрифуга“, за да го тестира гравитациониот стрес на астронаутите кои требало да одат на Месечината. Оваа направа има ротирачка рака на чиј крај се наоѓа корпа во која седи астронаутот.
Додека машината се врти, астронаутите ја тестираат својата толеранција на интензивна гравитациона сила.
„Вртејќи се околу на крајот на долгата рака, имав чувство како да сум заморче на кое треба да се утврди како човечкото суштество реагира кога ќе се вивне во вселената или повторно влезе во земјината атмосфера“, напиша Глен во своите мемоари кои ги објави во 2000 година.
Постојан контакт со психолозите и психијатрите
Идните астронаути се подложени на психолошки и психијатриски скрининг со цел да се отстранат оние кои не би можеле да го издржат стресот за време на патувањето во вселената. Како што се повеќе и повеќе луѓе патуваа во вселената, НАСА почна да го разбира менталниот напор што го имале астронаутите.
„Имавме колега задолжен за набавки кој стана опседнат со капакот на авионот. Само размислете, сè што треба да направам е да ја свртам рачката и целиот воздух ќе излезе? Беше некако страшно“, рече Хенри Хартсфилд, кој стана астронаут во 1969 година, во интервју во 2001 година за една од неговите претходни мисии. „Почнавме да го заклучуваме отворот“.
Одењето во вселената е неверојатно стресно. Во 2016 година, во извештајот објавен од НАСА беше наведено дека за време на нивниот престој во вселената, членовите на екипажот имаат нарушувања на спиењето, се изложени на радијација, негативно се засегнати од промените во гравитацијата и имаат напади на паника поради долготрајна изолација.
Затоа членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица редовно разговараат со медицинскиот персонал, вклучително и психолози, преку приватни видео конференции.
Имајќи ги предвид амбициозните цели на НАСА да испрати луѓе што подалеку во вселената, на Месечината и Марс, во не толку далечна иднина, одржувањето на менталното здравје на астронаутите ќе биде тековен предизвик.