Златан Ибрахимовиќ денеска се врати на тренинг-меч во Миланело, каде што играше со У-18 тимот како партнер на неговиот 16-годишен син Максимилијан во нападот.
Швеѓанецот не е дел од тимот за Лигата на шампиони на Милан, кои вчера со 1:0 го совлаада Тотенхем, така што беше свеж за тренинг-меч на тие кои паузираа на важниот меч. Според „Ла газета дело спорт“, Ибрахимовиќ играл на позиција на централен напаѓач, додека неговиот син играл на десното крило.
Максимилијан и 15-годишниот Винсент, вториот син на Ибрахимовиќ се дел од младинскиот тим на Милан.