Навивачите го испрскаа легендарниот фудбалер Михаел Балак додека го коментураше натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Челзи. Балак кој едно време играше за Челзи беше на трибините на стадионот на Бирусија заедно со уште еден коментатор на DAZn.
Двајцата мораа да се изборат со дожд од пиво откако на трибините пончаа да го слават голот на Борусија Дортмунд, пренесоа медиумите. Германецот и реагираше и им викаше да се смират.
„Еј, доста ли ви е?“, им викна Балак.
World class goal. Karim Adeyemi showing why he’s @BVB Secret weapon, he’s only cost €25+ and single handedly destroy @ChelseaFC despite all does signing. Blues wake up. #CFC #BVB #UCL
— Koinc Sport (@koincsport) February 16, 2023
Покрај Балак на овој натпревар со пиво и воден балон го погодија и администраторот на Челзи задолжен за социјалните мрежи на клубот.
„Извинете што доцнам, администраторот штотуку беше погоден со пиво“, стои во објавата на клубот на Челзи,.
Борусија Дортмунд го победи Челзи со 1:0 во првиот осминафиналниот натпревар во Лига Шампиони. За потсетување, Балак покрај Челзи, играше и за Баер Леверкузен и Баерн Минхен.