Феникс е најпријатното изненадување на годинашното издание на кошаркарскиот Куп на Македонија. Тимот на Денис Дервишевиќ успеа да го победи Пелистер во полуфиналната пресметка со 86:79 и закажа финале против МЗТ Скопје Аеродром.
Искусните Бојан Трајковски и Ивица Димчевски беа најдобри кога беше најпотребно, а младите сили дадоа поддршка со максимална борбеност во текот на целиот натпревар. Утре е дуелот за трофејот, против силниот МЗТ Скопје.
Но, Феникс веќе испиша историја…
Фото: Игор Паневски