Селин Дион ќе се глуми себе си во романтична комедија

Селин Дион ќе се глуми себе си во романтична комедија

пред 2 години

Деновиве излезе трејлерот за филмот „Повторно љубов“, во кој глуми канадската пејачка Селин Дион. Таа се глуми самата себе си. Филмот следи неочекувана љубовна приказна, во која еден од главните ликови Мира, тешко го поднесува губењето на својот починат свршеник и почнува да испраќа емотивни СМС пораки на неговиот мобилен.

Во меѓувреме неговиот број го добил новинарот Роб, кој неодамна ја прекинал врската со свршеницата и изгубил надеж дека ќе најде нова љубов. Сепак нејзините пораки почнуваат да му даваат надеж и тој се пушта во нова авантура. Помош ќе добие од Селин Дион.

Освен што ќе глуми Дион во филмот и ќе пее. Покрај Селин Дион во филмот глуми и пејачката и Мис на светот од 2000 година Пријанка Чопра и нејзиниот сопру  Ник Џонас, музичар и член на бендот Jonas Brothers, како и Сем Хеган.

Режисер и сценарист на филмот е Џим Строус, додека главната идеја на филмот е преземена од новелата „Текст за тебе“ од германската авторка Софија Крамер. Оваа романтична комедија никого, а ќе почне да се прикажува во кината во мај. За потсетување, ова е прва филмска улога за Селин Дион.

Share
Scroll to Top