Глумец од „Нетфликс“ им се приклучи на колегите во штрајкот во Холивуд: Возам „Мазда“ од 2010 и едвај го прехранувам семејството

Глумец од „Нетфликс“ им се приклучи на колегите во штрајкот во Холивуд: Возам „Мазда“ од 2010 и едвај го прехранувам семејството

пред 9 месеци

Актерот Лук Кук (36) познат по улогитe во The Chilling Adventures of Sabrina на „Нетфликс“ и во серијата Hulu Dollface и кој има одиграно споредни улоги во уште неколку други филмови и серии рече дека едвај заработува доволно за да го прехрани семејството, пишува Page Six.

„Возам „Мазда“ од 2010 година. Пред тоа возев „Форд Таурус“ од 2006 година. Повеќето актери не заработуваат многу, всушност не заработуваат доволно за да преживеат и затоа мораат да работат на две места“, рече актерот во видео на „Тикток“.

Лук не зборуваше за главните ликови, туку за актерите кои играат споредни улоги и се платени по епизода. Откри колку заработил од серијата Dollface во која глумеше во четири епизоди.

@thelukecook Replying to @Drew #sagstrike #sagaftra ♬ original sound – Luke Cook

„Ми плаќаа 7.500 долари по епизода, и тоа без данок. Од тоа, десет проценти одат кај менаџерот, десет кај агентот и пет кај адвокатот“, рече Лук и додаде дека лицето му го ставиле на голем плакат на една од главните улици во Лос Анџелес, а тој не добил ниту цент за тоа.

„Зборувам за актери како мене кои се потпираат на споредни улоги за да преживеат бидејќи сакаме да ја работиме таа работа и подготвени сме да се жртвуваме“, рече тој.

Еден во коментарите на Тик ток го повика да признае дека неговото богатство тежи пет милиони долари, а тој одговори: „Да беше така, сигурно немаше да станувам секое утро и да одам на часови по фитнес“.

Share
Scroll to Top