Полицаец во Загреб породи жена и го спаси бебето на кое папочната врвца му се завитка околу вратот

Полицаец во Загреб породи жена и го спаси бебето на кое папочната врвца му се завитка околу вратот

пред 2 години

Полицаец во Загреб викендов породи жена и го спаси бебето на кое папочната врвца му беше завиткана околу врат. Кога во неделата наутро полицајците излегле на терен, не можеле ни да претпостават дека оваа смена ќе донесе една од најдобрите приказни што ги имала полициската управа во Загреб, пишува „24 сата“.

Раководителот на патролата, полицајка и специјализантка биле на редовна патрола од савскиот мост кон центарот на градот кога забележале маж како мавта по нив, давајќи им до знаење дека му треба помош. Човекот им кажал дека неговата сосетка се пораѓа, па тие веднаш влегле во дворот од куќата и ги затекнала идните родители како се движат полека, бидејќи мајката имала силни породилни болки.

„Кој месец си бремена?“ ја прашал полицаецот Санди бремената жена, а таа одговорила дека е 35 недела. Трудовите биле почнати и во многу краток интервал, поради што не можеле да чекаат или да ја носат накај болница. Полицаецот ѝ помогнал на жената да влезе во станот, потоа да легне на креветот и при третата силна контракција, таа родила девојче. Полицаецот видел дека околу главата на бебето е свиткана папочна врвца, па ја отплеткал и бебето почнало да плаче.

Додека сите чекале да пристигне итната медицинска помош, бебето било во рацете на полицаецот. Откако лекарите ги прегледале мајката и бебето, ѝ го дале девојчето на жената.

„Овој настан ја покажува сета благородност на полициската работа и на овој начин полициската управа во Загреб на новите родители им го честита прекрасното девојче кое засекогаш ќе биде впишано на најубавата страница на Полициската управа во Загреб“, стои во соопштението од полицијата.

Share
Scroll to Top