Валтер: Потребна ни е поддршка од навивачите на дуелот со Мотор

Валтер: Потребна ни е поддршка од навивачите на дуелот со Мотор

пред 2 години

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер утре (20.45 часот) ќе го пречека Мотор Запорожје во клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата во Лига Европа.

Тренерот Ларс Валтер побара помош од навивачите кои треба да создадат „жешка“ атмосфера.

„Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе дојдат во вторник и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Денес работевме некои детали кои ќе ни послужат за вторник, а и заштедив некои ракометари за дуелот против Мотор. Веќе го подготвуваме дуелот против Украинците, ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник“, изјави Ларс Валтер.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор ќе го судат Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ, додека делегат на овој натпревар ќе биде Емил Бешлија од Црна Гора.

Share
Scroll to Top