Војвотката од Сасекс, Меган Маркл била разочарана кога првпат го запознала принцот Хари затоа што го мислела за побогат, тврди кралскиот експерт Том Бавер за Daily Mail.
Том кој ја напиша книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндѕор“, во 2022 година, во интервју рече дека бившата глумица во тој период била опседната со пари.
„Беше изненадена, но во исто време и разочарана што принцот Хари тогаш имаше малку пари. Го замислуваше дека вреди стотина милиони, ако не и милијарди“, рече Том и објасни дека двајцата не можеле да си го дозволат начинот на живот како вработени членови на кралското семејство.