По разорниот земјотрес во Турција и Сирија илјадници семејства останаа без своите блиски, но и без своите домови. Еден од нив е и Месут Ханчер чија слика како ја држи мртвата ќерка за рака под урнатините го обиколи свтот.
Сега, тој живее во нов дом кој му го подарил познатиот турски уметник Ебру Јашар.
Уметникот заедно со својата сопруга која е бизнисмен му подариле целосно опремена куќа на Месут кој стана симбол на катастрофата.
Во меѓувреме во нивниот нов дом во Анкара има и слика на која се насликани двајцата, а Ирмак е насликана како ангел.
Уметникот преку социјалните мрежи неодамна му вети на семејството дека ќе му подари куќа откако нивната беше срамнета со земја, а по урнатините загина и ќерката чија рака таткото не ја испушташе со часови.