Лепа Брена дојде на премиера „Проект Лепа Брена“ во Загреб

Лепа Брена дојде на премиера „Проект Лепа Брена“ во Загреб

пред 2 години

Српската пејачка Лепа Брена во придружба на нејзината помлада сестра Факета Јахиќ беше во публиката на премиерата на театарската претстава „Проект Лепа Брена“ во Загреб.

„Многу сум изненадена, среќна и многу горда што ја имам честа и можноста да бидам во проект, кој не е директно поврзан со мене, но мојот лик и дело се уште се проткаени низ целата приказна“, изјавила Брена.

Главните ликови на претставата се Брена Констракшн, Брена Бизнисмен, Брена Сонгс, Брена Југославија и Брена Сексуалност, чии монолози се проткаени во еден вид меѓусебен разговор и со публиката.

„Ќе имате можност да ја видите низ името, ликот и делото на Лепа Брена, транзицијата на цела Југославија, до во денешно време, во последните 40 години. – Ќе го видите феноменот на земја која претрпе транзиција на политички, социолошки, економски, социјален и културен начин“, изјавила Брена.

Таа додала дека е воодушевена од тоа како актерската екипа и сценаристите успеале добро да ја претстават на сцената.

„Ова е добар начин да им покажеме на помладите генерации како беше порано, како во транзиција преживеавме и како се уште се сакаме и почитуваме. Културата е нешто што нема пасош“, рекла Лепа Брена.

Освен Лепа Брена на претставата присуствувале и познати личности од хрватската јавна сцена, Стјепан Мешиќ, Маја Шупут, Тарик и Лелја Филиповиќ.

Share
Scroll to Top