Почина актерот Роберт Блејк познат по улогата во филмот „Ладнокрвно“

Почина актерот Роберт Блејк познат по улогата во филмот „Ладнокрвно“

пред 2 години

Американскиот глумец Роберт Блејк, познат по улогите во ТВ-серијата „Барета“ од 1970-тите и филмот „Ладнокрвно“, почина на 89-годишна возраст, во својот дом во Лос Анџелес. Во тој миг, тој бил опкружен со своето семејство, се вели во изјавата од неговата внука Норин Остин.

Во 2005 година, Блејк беше ослободен од обвинението за убиство на својата сопруга Бони Ли Бакли. Неколку месеци по пресудата во кривичниот случај, децата на Бакли поднеле граѓанска тужба против глумецот.

Поротата го прогласи Блејк за одговорен за смртта на неговата сопруга и му наложи да плати 30 милиони долари. Во февруари 2006 година, Блејк пријавил банкрот.

Блејк, чии родители биле пејачи и танчери, е роден како Мајкл Џејмс Губитоси на 18 септември 1933 година во Натли, Њу Џерси. По преселбата во Калифорнија имал вкупно 163 филмски и ТВ-улоги.

Кариерата ја завршил 1997 година.

Share
Scroll to Top