Девојче кое било киднапирано во Вашингтон во 2018 е пронајдено живо во Мексико, полицијата ја обвини мајка ѝ

Девојче кое било киднапирано во Вашингтон во 2018 е пронајдено живо во Мексико, полицијата ја обвини мајка ѝ

пред 2 години

Аранца Марија Охоа Лопез во 2018 година имала само четири години кога била киднапирана во трговски центар во Вашингтон. Денес е пронајдена жива во Мекскико, соопштија од ФБИ.  Последен пат е видена во посета на трговскиот во Ванкувер во Вашингтон, каде била со нејзината биолошка мајка.

Мајка ѝ е уапсена во 2019 година, во Мексико, но Марија, која денес има 8 години и понатаму се водела како исчезната. Таа била најдена во Мексико во февруари и сега е вратена во САД, велат официјалните лица.

„Повеќе од четири години ФБИ и нашите партнери не се откажаа од Марија. Нашата грижа е целосна поддршка за девојчето додека ја започне својата реинтеграција во САД“, рече Ричард А. Колоди, специјалниот агент за теренска канцеларија на ФБИ во Сиетл.

Мајка ѝ Есмералда Лопез ја признала вината во јануари 2021 година. Осудена е на 20 месеци затвор, пренесе порталот „Колумбијан“. За детето

Детето било згрижено од државата откако во 2017 година било сместено во згрижувачко семејство по поплаки дека нејзината мајка ја малтретирала. На мајката ѝ било дозволено да ја посетува два пати неделно, а за време на една од посетите, ќерката ја замолила да ја однесе во тоалетот во трговскиот центар. Таа потоа побегнала со девојчето со автомобил управуван од соучесник, пишува весникот.

Share
Scroll to Top